
Актуелните шампиони на НРЛ, Пенрит Пантерс, влегоа во новата сезона со осум последователни победи.
,,Пантерите” го задржаа стопроцентниот учинок, откако во осмото коло ги надиграа Голд Коуст Титанс со 4-18.
После ,,мртвата” игра во првото полувреме, Голд Коуст водеше со 4-0, откако есеј постигна Грег Марзхју (39′).
Сепак, во вториот дел, Пантерс запишаа три полни полагања преку Изак Таго (44′), Нејтан Клери (48′ и три конверзии) и Џаром Луаи (77′).
На табелата, Пенрит остана на првото место како единствен непоразен тим, додека Титанс ја заземаат дванаесеттата позиција.




