
И покрај фактот дека двете екипи ќе ја завршат сезоната без плејоф, Канзас Сити Ројалс и Минесота Твинс успеаја да привлечат над 22 000 гледачи на ,,Кауфман Стадиум”.
На нивниот осумнаесетти меѓусебен дуел во сезоната, Твинс го запишаа осмиот триумф, славејќи со 0-4.
Гостите од Минеаполис дадоа по еден поен во првиот, во четвртиот, во петтиот и во осмиот ининг, притоа допуштајќи им на Ројалс само три освоени бази.
Џош Доналдсон, освен што го постигна дваесет и шестиот хоум-ран во сезоната, освои дополнителни четири бази, а во листата на поентерите, со трчање, се запишаа уште Мигел Сано и Бајрон Бакстон.
На табелата на Американската лига, Минесота (72-89) го држи тринаесеттото, а Канзас Сити (74-87) – дванаесеттото место на само еден натпревар пред крајот на регуларната сезона.