Екипата на Холабрун на Митков и Костески загуби од лидерот во Австриската Челинџ лига (втора лига) Корнеубург со 25-26 со гол примен во последната секунда.
Десното крило Никола Костески одигра уште еден одличен натпревар во дресот на Холабрун каде беше втор стрелец со 5 гола. Последните два гола на Костески беа за израмнување 25-25, но неговиот тим за жал не успеа да издржи во последните секунди и прими гол. Вчера Костески во одбраната го замени капитенот Митков кој беше повреден и играше на позицијата халф каде одигра одлично, но за жал недоволно за победа.