Домараџу Гукеш 18-годишниот тинејџер од Индија, во дуелот за светската титула кој се одржа во Сингапур славеше против Динг и стана најмладиот шахист во историјата кој го направил тоа.
Во четиринаесеттиот натпревар од дуелот за титулата светски првак во Сингапур, 18-годишниот Индиец Домараџу Гукеш, славеше победа против бранителот на титулата, Лирен Динг од Кина. И со вкупни 7,5-6,5 стана најмладиот светски шампион во историјата на шахот.
Претходно најмлад светски шампион беше Каспаров на 22 години, младиот тинејџер Гукеш тоа го направи четири години порано.




