
Орландо Меџик ја запишаа првата победа над Индијана Пејсерс на домашен терен после 1 февруари 2019, откако синоќа славеа со 119-103.
Индијана водеше во текот на првото полувреме, но, со серијата од 18-5 во третата четвртина, момците од Флорида го свртеа мечот во своја корист.
Од домашните редови, дабл-дабл постигнаа дури тројца кошаркари: Вендел Картер (21 поен и 12 скокови), Мо Бамба (15 поени и 10 скокови) и Џејлен Сагс (14 поени и 10 асистенции).
На спротивната страна, со 23, односно со 18 кошеви, најефикасни беа Тајрис Хелибартон и Бади Хилд.
И покрај триумфот, Орландо (15-47) остана на последната позиција на Истокот, додека Индијана (21-42) го зазема тринаесеттото место.