Балтимор Ориолс успеаја да победат на две од вкупните три средби против Тампа Беј Рејс и на тој начин да ја освојат меѓусебната серија.
Имено, синоќа, на третиот дуел, Ориолс, на домашен терен, ги поразија ,,Ражите” од Флорида со резултат од 2-1.
Домаќините ги постигнаа своите поени во првиот и во третиот ининг преку хоум-ранот на Ентони Сантандер и трчањето на Рајан МекКена.
Од друга страна, за гостите поентираше Франциско Мехија, кој освои четири бази во четвртиот период по ударот на Тејлор Волс.
Во Американската лига, Тампа Беј (36-30) остана на петтото место, додека Балтимор (30-38) ја зазема единаесеттата позиција.