Третиот грен-слем турнир од тековната сезона во голф беше познатиот УС Опен, кој се одвиваше во текот на изминатиот викенд.
Сто дваесет и второто издание на овој турнир се одржа во Бруклајн, Масачусетс, по четврт пат во историјата ( после 1913, 1963 и 1968).
Истото заврши во рацете на Англичанецот Метју Фитцпатрик, кој дојде до конечен учинок од (-6) поени.
За Фитцпатрик, ова е осма професионална победа во кариерата и прва после Андалузија Мастерс од 17 октомври 2021, а воедно и прва во склоп на ПГА Тур.
Актуелниот светски број еден, Скоти Шефлер, заедно со Американецот Вил Залаторис, се најде на второто место со учинок од (-5).
Јапонецот Хидеки Матсујама (-3) заврши на четвртата позиција, а петтото место го поделија Рори МекИлрој и Колин Морикава (-2).