Со денешниот триумф од 0-3, Авангард Омск поведе со 2-1 во конференциското полуфинале на Истокот против Металург Магнитогорск.
Имено, ,,Јастребите” денес славеа со головите во првата и во третата третина.
Најпрво, за 0-1 погоди Денис Зернов, а во третиот период, мрежата на Металург ја затресоа уште Рид Бушер и Јегор Чинахов.
Од гостинскиот состав, значаен придонес имаше голманот Симон Хрубец, кој со 28/28 одбранети шутеви, дојде до првиот шут-аут во плејофот на КХЛ.
📸 Twitter: ХК Авангард



