
Третото, односно последното скалило за влез на СП 2022 започна на неверојатен начин за репрезентацијата на Оман.
Имено, селекцијата предводена од Бранко Ивковиќ успеа да ја порази Јапонија со 0-1 и да се искачи на првото место во групата Б после првото коло.
За Оман, ова беше тринаесетти меч против Јапонците, а воедно и прв историски триумф над истата екипа.
Стрелец на единствениот погодок на натпреварот беше Исам Ал Саби (88′), кој влезе во игра само четири минути претходно.
Јапонија го одигра еден од најлошите мечеви во квалификациите во својата понова историја и му дозволи на противникот да ја држи контролата цели деведесет минути.