Трент Робинсон стана првиот тренер во историјата на Сиднеј Рустерс, кој запишал 150 победи на кормилото на овој тим.
Робинсон дојде до јубилејниот триумф во последното 25. коло од тековната сезона, откако ги порази Канбера Рејдерс со 16-40.
Рејдерс го започнаа мечот со серија од 12-6 после дваесет минути игра, но ,,Петлите” дојдоа до победата, откако во продолжение врзаа 34 поени.
Од домашниот состав, по еден есеј постигнаа Елиот Вајтхед (5′), Џош Папали (18′) и Харли Смит-Шилдс (78′), додека Џордан Рапана конвертираше двапати.
Кај гостите, Адам Кигран беше најефикасен играч со три есеи (32′, 46′, 50′), со две конверзии и со два пенали.
Освен него, положија уште Мет Икувалу (10′), Ангус Крајхтон (24′), Бен Маршке (66′) и Лахлан Лем (75′), а Сиосиуа Таукихо погоди уште две конверзии.
За Канбера, денешниот пораз значеше и изгубен пласман во плејофот, додека Сиднеј скокна на четвртото место со натпревар повеќе во однос на најблиските ривали.