Во дисциплината ериалс од фристајл скијање во женска конкуренција, со првото олимписко злато се закити Чу Менгтао.
Менгтао и’ донесе огромно славје на домашната нација, откако во второто финале изведе одличен скок од 108,61 поени.
Бранителката на титулата од Пјонгчанг 2018, Белорусинката Хана Хускова, заврши на второто место со изведбата вредна 107,95 поени.
Со денешната бронза, Меган Ник (93,76) го направи најголемото достигнување во кариерата и на најдобар можен начин го круниса својот трансфер од гимнастика во фристајл скијање.
Од останатите девет финалистки, во второто финале се пласираа уште трагичарката од вториот дел, Ешли Колдвел (83,61), Лаура Пил (78,56) и Конг Фанју (59,67).