На тимското натпреварување во ски скокови на големата скокалница, Австрија се врати на олимпискиот трон после 2010.
За победничкиот состав скокаа Штефан Крафт, Даниел Хубер, Јан Херл и Мануел Фетнер, кои немаа ниеден медал од ЗОИ до пред две недели.
Втората позиција ја зазеде Словенија, која имаше шанса да се бори за злато, доколку не потфрлеше Тими Зајц.
Освен Зајц, сребро на балканската нација и’ донесоа уште Ловро Кос, Цене Превц и Петер Превц.
Во изненадувачки финиш, Германија успеа да и’ ја ,,украде” бронзата на Норвешка за само 0,8 поени, поради лошиот втор на новиот олимписки шампион – Мариус Линдвик.
Сепак, киксот на Линдвик ќе беше неприметен доколку претходно добро не се покажеа Константин Шмид, Штефан Лаје, Маркус Ајзенбихлер и Карл Гајгер.
Зад четвртопласираната Норвешка се пласираа: Јапонија, Полска, Русија, Швајцарија, Чешка, САД и Кина.