
Шестолигашот Кидерминстер го направи најголемото изненадување во овогодинешното издание на ФА Купот, откако успеа да го елиминира второлигашот Рединг со 2-1.
Разликата помеѓу двете екипи, во моментот, е цели 79 позиции на лигашката пирамида, но тоа не ги спречи популарните Хариерс да се пласираат во 1/16-финалето од најстарото клупско натпреварување.
Рединг очекувано го започна натпреварот и после првото полувреме водеше со минимални 0-1, благодарение на Георге Пушкаш (45′).
Сепак, во вториот дел, домаќините апсолутно доминираа по теренот и го комплетираа својот пресврт со головите на Сем Остин (69′) и на Амари Морган-Смит (82′).
Во четвртата рунда од ФА Купот, Кидерминстер ќе биде убедливо најнискорангиран тим од сите присутни екипи.
Уште едно изненадување во третата рунда приреди и третолигашот Кембриџ Јунајтед, кој со голот на Џоу Ајронсајд (57′), го елиминира Њукасл со 0-1.