
Мариус Линдвик ја оствари првата овосезонска победа и четврта во својата кариера, откако беше најдобар на денешното натпреварување во Бишофсхофен, Австрија.
После првата серија, Линдвик го заземаше четвртото место, но со фантастичното второ издание од 139 метри успеа да се искачи на тронот.
Втората позиција ја зазеде актуелниот шампион, Халвор Егнер Гранеруд, додека подиумот го комплетираше Јан Херл.
Освојувачот на Новогодишната турнеја, Рјоју Кобајаши, беше четвртопласиран, а како петти заврши лидерот после првата серија – Филип Ашенвалд.
Во продолжение, Даниел Хубер, Пјотр Жила и Карл Гајгер се наоѓаа од шестото до осмото место, а победникот на квалификациите, Јукија Сато, беше деветтопласиран пред Даниел Чофених.




