Единаесеттото коло од првата молдавска лига, Дивизија Национала, го отворија Динамо-Ауто Тираспољ и Петрокуб Хинчешти, односно минатосезонската четвртопласирана и третопласирана екипа во овој шампионат.
Резултатот, уште во втората минута, го отвори Јасер Туркан, кој ја искористи невнимателноста на домаќините и му донесе водство на Петрокуб од 0-1.
Иницијативата на Динамо се исплати во седумдесетата минута, кога Вадим Паирели израмни на 1-1.
Во последната минута од мечот, Петрокуб доби пенал, кој првично беше успешно реализиран, но истиот беше поништен. Од вториот обид, херој на домаќините беше голманот Виктор Страистари, кој го одбрани повторениот единаестерец на Сергиу Платика за крајно реми на ,,Динамо-Ауто Стадиум”.
По натпреварот, воедно исто како и пред него, Петрокуб ја зазема втората, а Динамо – петтата позиција на табелата.
Завршната драма, а воедно и цел натпревар, можете да ги погледнете на следниот линк (ситуацијата со пеналот е на 1:57:12): https://www.facebook.com/divizianationalamd/videos/332432238005244/



