На последните пет средби од сите натпреварувања, Тапара Тампере запиша пет победи со неверојатна гол-разлика од 18-2.
Во рамките на денешната програма од финската Лиига, актуелните шампиони го совладаа составот на КалПа со 0-3.
Гостинскиот голман, Вилхо Хеикинен, имаше дваесет одбранети шутеви за вториот овосезонски, а воедно и последователен шут-аут.
Целиот тек на мечот го промени Валтери Мерела, кој заби гол за 0-1 уште во првата третина, кога Тапара имаше играч помалку на ледената плоча.
Во финишот, домаќините беа приморани да играат со празна мрежа што резултираше со уште два примени погодоци, кои беа дело на Ото Раухала и на Вели-Мати Савинаинен.
На табелата, Тапара се искачи на шестата позиција, потиснувајќи го директно денешниот ривал на седмото место.