
Петтото коло од турската одбојкарска Ефелер лига беше отворено со дербито помеѓу единствените две непоразени екипи од првите четири рунди.
Имено, Халкбанк дојде до петтата лигашка овосезонска победа, совладувајќи го Аркасспор со убедливи 3-0.
Натпреварот траеше нешто помалку од еден и пол час, а домаќините ги добија трите сета со 25-16, 25-20 и 26-24.
Кај гостинскиот состав, единствени двоцифрени играчи беа Енес Атли со десет и Ефе Мандирачи со единаесет поени.
Од избраниците на Танер Атик, најефикасни поединци беа Догукан Улу (11 поени), Јигит Дулмезоглу (12) и Нимир Абдел Азиз (17).
На табелата, со натпревар повеќе во однос на конкурентите, Халкбанк го држи првото, а Аркас – второто место.