Дејан Кулушевски одигра одличен меч за Јувентус против СПАЛ во четвртфиналето на италијанскиот куп и со асистенција и гол ја зачини сигурната победа на фаворитот од 4:0.
Шведскиот репрезентативец со македонски корени блесна во 33. минута, кога со извонредни дрбилинзи ја измеша одбраната на второлигашот и одлично му асистираше на Фработа за деби гол во дресот на Јувентус.
Претходно гол постигна Мората, а повторно главен збор на мечот имаше Кулушевски со гол за 3:0. Федерико Киеза искористи грешка на одбраната на СПАЛ, одлично го проигра Кулушевски во 78. минута за предност од 3:0.
Киеза во финишот на мечот постигна погодок за убедливи 4:0. Јувентус ќе игра против Интер во полуфиналето на Копа Италија, а Аталанта го чека противникот, што ќе биде познат по дуелот меѓу Наполи и Специја.



