Струшкиот прволигаш, Струга Трим Љум имаше одлична прва натпреварувачка полусезона и таквиот тренд сака да го задржи до крајот на првенството. Од таа причина стружани решија да го засилат средниот ред со српскиот плејмејкер Немања Босанчиќ. Фудбалерот беше довчерашен член на српска Колубара, а во минатото играше и за клубовите на: Инџија, Борац Чачак, Берани и во Колубара.