
ЛА Лејкерс дојдоа до третата победа на последните четири средби, откако синоќа ги надиграа Сан Антонио Спарс со 114-106.
Мечот беше неизвесен само во првата четвртина, а веќе од вториот квартал, Лејкерс ја презедоа и не ја испуштија предноста од свои раце.
Кај домаќините, во отсуство на ЛеБрон Џејмс, дабл-дабл учинок запишаа двајца кошаркари, односно Ентони Дејвис (34 поени и 15 скокови) и Расел Вестбрук (14 поени и 11 скокови).
На спротивната страна, трипл-дабл постигна Деџонте Мареј (22 кошеви, 10 скокови и 10 асистенции), а поефикасен од него беше само Келдон Џонсон со 24 погодоци.
Со новиот пораз, Спарс (4-9) паднаа на тринаесеттото место на Западот, додека Лејкерс (8-6) се искачија на седмата позиција.