
Претпоследната машка трка од Светското првенство во алпско скијање беше денешниот велеслалом во Куршевел, Франција.
На неа, Марко Одермат (2:34,08) стана првиот Швајцарец, кој освоил две злата на едно СП, после титулата во спуст пред пет дена.
Неговиот сонародник, Лоик Мејар (+0,32), го освои второто место што претставува негово прво сребро во кариерата на мундијалите.
Како третопласиран заврши лидерот после првата серија, Марко Шварц (+0,40), кој ја одбрани бронзата од 2021.
Од останатите скијачи, под една секунда доцнеа уште Штефан Бренштајнер (+0,76) и Хенрик Кристоферсен (+0,96).