Утре во Охрид во второто коло од плеј-офот во Супер лигата домаќинот Охрид го пречекува актуелниот шампион Вардар.
Капитенот Крсте Андоновски и пикерот Иван Тасески на денешната прес конференција ветија голема борба против шампионот.
Добро се подготвувавме за овој натпревар, преку видео анализа, тактичка поставеност на играта и можам да ветам голема борбеност и доколку ни се пружи шанса се надевам дека ќе ја искористиме. Сакам да нагласам дека за поздравување е враќањето на „Рибари“. Ги повикувам и сите љубители во што поголем број да дојдат и заедно да бидат дел од овој ракометен спектакл, изјави капитенот Крсте Андоновски.
Сигурен сум дека и во овој натпревар ќе влеземе максимално мотивирани, бидејќи не треба некој посебен мотив да бараме, туку имаме голем мотив со самото тоа што доаѓа шампионот на Македонија. Имаме доста промени во бековската линија за разлика од претходната полусезона. Но во контролните натпревари видовме дека ги имаме доста намалено техничките грешки со што мислам дека ќе излеземе во подобро светло за разлика од есенскиот дел и ќе пружиме поголем отпор на овој натпревар, изјави пикерот Иван Тасески.