
Најстариот, а воедно и последниот грен-слем од голф сезоната, Опен Чемпионшип, се одржа во текот на изминатиот викенд.
Истиот, по петнаесетти пат во историјата, односно првпат после 2011, се одвиваше на ,,Ројал Ст. Џорџ’с Голф Клуб” во Сендвич, југоисточна Англија.
Шампион на 149. издание на Опен Чемпионшип беше Американецот Колин Морикава, кој дебитираше на овој турнир.
24-годишниот голфер дојде до титулата со одличните парни рунди во кои освои по (-6) и (-4) поени за да дојде до вкупните (-15).
Неговиот сонародник и шампионот од 2017, Џордан Спит, имаше учинок од (-13), кој му го донесе второто место.
Единствените двајца подоброрангирани голфери во Европскиот Тур од Морикава, Џон Рам и Луис Оостхујзен, ја поделија третата позиција (-11).
Оостхујзен е најголемиот трагичар на цел турнир, поради фактот дека беше првопласиран после три рунди, но драстично потфрли во последната, ,,освојувајќи” само (+1) поен.
После вториот ден, заради редуцирање на натпреварувачите, беа отфрлени речиси половина голфери, кои имаа најслаби резултати.
Помеѓу нив, освен многуте аутсајдери, спаѓаа и неколку ѕвезди како: Тајрел Хетон, Франческо Молинари, Патрик Кентли, Ерни Елс, Џејсон Деј и Томас Детри.
Неславен настап имаа и домашните англиски натпреварувачи од кои најдобар беше Пол Кејси (-5) на петнаесеттото место.