
Во текот на изминатите четири недели се одржа вкупно 108. издание на Тур д Франс, кое беше долго 3414,4 километри.
Како шампион, по вторпат во низа, излезе Словенецот Тадеј Погачар, кој ја помина гореспоменатата дистанца за време од 82:56:36.
Исто така, Погачар ги одбрани белата и точкастата маичка што се доделуваат за најдобар млад и за најдобар планински возач.
Велосипедистот на ,,УАЕ Тим Емирејтс” победи вкупно на три етапи, а водството во генералниот пласман го презеде после осмиот ден.
На втората позиција, со огромен заостаток од 05:20 минути, заврши Данецот Јонас Вингегаард, а трет беше првакот од 2019 – Ричард Карапаз (+07:03).
Во борбата за зелената маичка, Марк Кевендиш убедливо ја порази конкуренцијата, а со четирите етапни победи дојде до број од 34. триумфи на Тур д Франс, изедначувајќи го рекордот на легендарниот Еди Меркс.
Борбата за насловот остана релативно посиромашна, откако од Тур, поради пад на третата етапа, се откажа Примож Роглич, а од конкурентите за зелената маичка, учеството порано го завршија Жулиен Алафилип и Петер Саган.
Сепак, нивното откажување беше засенето од скандалот на првиот натпреварувачки ден, кога неодговорен навивач предизвика огромен пад во пелотонот.
Освен Погачар и Кевендиш, етапни победи забележаа уште: Жулиен Алафилип, Матје ван дер Поел, Тим Мерлиер, Матеј Мохорич, Дилан Теунс, Бен О’Конор, Вут Ван Аерт (х3), Нилс Полит, Бауке Молема, Сеп Кус и Патрик Конрад.