
Во третото коло од англиската Лиг 1, Акрингтон Стенли дојде до сензационално реми од 4-4 против Бартон Албион.
Бартон го започна мечот на одличен начин и на стартот на второто полувреме водеше со 0-3 преку хет-трикот на новајлијата Дејвис Кејлор-Дан (10′ п., 17′, 50′).
Сепак, во наредните седум минути, Џоу Причард (52′) и Шон МекКонвил (57′) намалија на 2-3, а пред финишот Гасан Ахадме (81′) зголеми на 2-4.
Домаќините не се предадоа и го израмнија резултатот со двата погодоци во судиското продолжение, кои беа дело на Џош Вудс (90+1′) и на Росер Лонџело-Мбуле (90+6′).
Во новата сезона, Акрингтон нема пораз и е десетти, додека Бартон е дваесет и втори со само еден освоен бод.




