Во третото коло од Чемпионшип, Милвол дојде до победа над Ковентри од 3-2 после пресврт.
На мечот, Ковентри за неполни триесет минути поведе со 0-2 преку Кајл МекФадзен (2′) и преку Метју Годен (28′).
Во продолжение, домаќините дојдоа до 2-2 со головите на Џејк Купер (36′) и на Џорџ Ханимен (53′).
Во шеесет и седмата минута, Ковентри остана со играч помалку, откако Густаво Хамер, во обид да спречи контра, заработи втор жолт картон.
,,Лавовите” ја искористија играчката предност и го комплетираа пресвртот преку Џорџ Савил (85′) за втората овосезонска победа.
После три кола, Милвол е четврти со шест, а Ковентри е дваесет и втор со еден освоен бод.