
По трите врзани порази, ЛА Кингс се вратија на победничките патеки, совладувајќи ги Чикаго Блекхокс со 1-2.
За гостите од Калифорнија, по еден гол во првата и во втората третина постигна Џерет Андерсон-Долан.
На другата страна, почесен погодок за домаќините даде Иан Митчел на три минути пред крајот, кој реализираше за првпат сезонава.
Во Западната конференција, Чикаго го држи претпоследното место, додека Кингс се наоѓаат на петтата позиција.