Пред само два дена, Бостон Бруинс ги поразија Њујорк Ренџерс со убедливи 4-0.
Синоќа, со токму истиот резултат, Ренџерс успеаја да го возвратат ударот и тоа на гостински терен.
Во првите две третини, претставниците на Големото јаболко постигнаа по еден погодок, додека во третиот период двапати ја затресоа мрежата на Јарослав Халак.
Имено, четири различни играчи ги постигнаа головите за ,,Ренџерите”, односно К’Андре Милер, Крис Крајдер, Рајан Сторм и Павел Бучневич.
На голманската позиција на победничкиот состав стоеше Кит Кинкеид, кој со 18/18 одбранети шутеви дојде до првиот шут-аут сезонава.
И после мечот, ситуацијата на табелата на Источната дивизија остана непроменета со тоа што Бруинс се четврти, а Ренџерс – шести.
📸 Steve Babineau/NHLI via Getty Images