Њу Орлеанс Пеликанс на убедлив начин дојдоа до петтата победа во низа над Кливленд Кавалирс, откако синоќа ги совладаа со 116-82.
,,Пеликаните” беа доминантни уште од самиот старт, а непрестаното билдање на предноста достигна и до +40 во неколку наврати.
Најефикасни кошаркари на паркетот беа Брендон Инграм (28 поени) и Зајон Вилијамсон (23 поени), двајцата од редовите на Њу Орлеанс.
Од нивните соиграчи, Стивен Адамс уфрли дабл-дабл составен од 10 поени и од 17 скокови.
Кај Кливленд, со 19 кошеви, најмногу се истакна Колин Секстон.
Со новата победа, Њу Орлеанс (16-22) е дванаесетти на Западот, додека Кливленд (14-23) ја држи тринаесеттата позиција на Истокот.
📸 Layne Murdoch Jr./NBAE via Getty Images