По 12 години постоење, Македонската Еспорт Федерација на Макеоднија (МЕСФ) стана полноправна членка на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК). Во соопштението се вели дека според документот од МОК со број 03-26/1, МЕСФ станува дел од семејството на федерации и асоцијации што се дел и го сочинуваат Олимпискиот Комитет на Македонија.
,,Следејќи ги светските трендови за официјализација на еспортот, МЕСФ е првата Еспорт Федерација во регионот која е членка на Олимписки Комитет. Со тоа, уште еднаш ја потврдуваме нашата позиција на меѓународно ниво. Полноправна членка сме на единствената официјална меѓународна еспорт федерација, МЕФ, од 2013 година и на Европската Еспорт Федерација од 2020 година.
Глобално, еспортот е признат во повеќе од 50 држави и се надеваме дека наскоро и ние ќе бидеме дел од тоа екслузивно семејство. Продолжуваме понатаму со нашите активности на национално и меѓународно ниво, следејќи ги сите официјални прописи и процедури. Огромна благодарност и до сите волонтери на МЕСФ, без кои немаше да бидеме успешни во нашите активности”!
– Изјавува претседателот на Македонската Еспорт Федерација, Бобан Тотовски.
Фото и извор: https://esports.mk/



