
Екипата на Њу Џерси Девилс се наоѓа во одлична серија од десет последователни триумфи.
Последна ,,жртва” на Девилс беа Монтреал Канадиенс, кои синоќа загубија на домашен терен со 1-5.
Единствениот гол за канадскиот состав го постигна Јевгени Дадонов во втората третина за намалување на тогашни 1-2.
Од друга страна, за победничкиот состав реализираа Џек Хјус (х2), Даги Хамилтон, Јеспер Брат и Џон Марино.
Во Источната конференција, Њу Џерси скокна на второто место, а Монтреал ја зазема десеттата позиција.