Вториот, а воедно и последниот денешен НРЛ натпревар беше одигран на „Квинсленд Кантри Банк Стадиум“ во Таунсвил помеѓу домашните НК Каубојс и гостинските Кронула Шаркс.
Гостите ја имаа аутсајдерската улога пред почетокот на мечот бидејќи во првите три кола запишаа три порази. Од друга страна, Каубојс имаа учинок од две победи во првите три кола. Сепак, на овој натпревар доминираа провизорните аутсајдери кои успеаја да слават со 16-26.
На полувремето, Кронула водеше со 6-12, а вториот дел го доби со дополнителни 10-14. Најефикасни во победничкиот тим беа Мулитало и Рамиен со по два постигнати есеи, а освен нив, на листата на поентери се запишаа и Никора (есеј) и Џонсон (три конверзии).
За домаќините, поените ги постигнаа Фелдт со два, О’Нил со еден есеј и Холмс со две конверзии.
На табелата, НК Каубојс се наоѓаат на седмото место со четири освоени поени, додека Кронула, со првата победа сезонава, изби на единаесеттата позиција.
Хајлајтс од натпреварот: https://www.nrl.com/tv/news/match-highlights-cowboys-v-sharks-1069252/



