Екипата на Парамата Илс го запиша четвртиот триумф во првите четири кола од овогодинешната НРЛ сезона. Денес, „пациент“ на „Јагулите“ им беше тимот на Менли Си Иглс кој беше поразен со 19-16.
Како што говори и резултатот, натпреварот беше релативно изедначен иако по првото полувреме, Парамата имаше предност од 12-2. Во вториот дел, Менли беше подобар со 7-14, но тоа не беше доволно за да се запише третата победа сезонава.
Поените за Илс ги постигнаа Џенингс, Браун и Еванс преку есеј, односно Мосес преку пенал, две конверзии и дроп-гол. За Си Иглс, поентери преку полагање беа Тауфуа (х2) и Вокер, а Герик додаде уште една конверзија и еден пенал.
Парамата, со новите два поени, си ја задржа првата позиција и засега е единствен тим со сто процентен учинок (освен Канбера Реидерс кои имаат натпревар помалку). Од друга страна, Менли ја зазема осмата позиција со половичен учинок од две победи и два порази.



