Во единаесеттото коло од тековната НРЛ сезона, силите ги одмерија екипите на Нов Зеланд Вориорс и на Сиднеј Рустерс.Тимот од Нов Зеланд, пред само шест дена, на домашен терен прими неверојатни 46 поени од засега просечниот тим на Кронула Шаркс, но на денешниот натпревар покажа цврста игра. Вориорс успеаја да го лимитираат актуелниот шампион на само шест постигнати поени во првото полувреме, кое го добија со 10-6. Сепак, ,,Петлите” се консолидираа во второто полувреме и преку двата есеи на Кири и Ману и преку двете конверзии на Фланаган дојдоа до победата од вкупни 10-18. Првиот есеј на Сиднеј беше дело на Тупуниуа придружен со уште една конверзија на Фланаган, додека поените за Нов Зеланд ги постигна Маумалу и Катоа преку есеј односно Помпи преку една конверзија. Со оваа победа, Сиднеј Рустерс избија на третото место, но имаат натпревар повеќе во однос на Њукасл Најтс. Од друга страна, Вориорс се тринаесетти со шест освоени поени.