НК Каубојс и Њукасл Најтс се соочија во седмото коло од тековната НРЛ сезона. И двете екипи се наоѓаа во променлива форма во пресрет на овој дуел. Сепак, блага аутсајдерска улога имаа НК Каубојс, пред сè поради трите последователни порази.
Работите на теренот не беа онакви како што тоа го предвидуваа аналитичарите. Имено, НК Каубојс, во првото полувреме покажа неверојатна игра и направи серија од 26-0. Оваа капитална предност се покажа како доволна, а конечниот резултат изнесуваше 32-20.
По еден есеј за Каубојс постигнаа О’Нил, Табуаи-Фидоу, Клифорд, Фелдт и Хес, а токму Фелдт ги постигна и сите останати поени преку петте конверзии и еден успешен пенал. За Њукасл, преку полагање, поентираа Хој, Хант, Ман и Шибасаки, а Понга претвори две од четирите конверзии.
На табелата, НК Каубојс скокнаа на десеттата позиција, а Њукасл, со девет освоени поени е петтопласиран тим.