Порт Аделаид Пауер, денес се соочи против Вест Коуст Иглс во рамките на четвртото коло од АФЛ. Домаќините, на својот „Аделаид Овал“, изборија победа од високи (13.11) 89-41 (6.5). „Црно-белите“ имаа предност во текот на цел натпревар добивајќи ја секоја четвртина со подобар учинок од денешниот ривал. Најефикасен играч на натпреварот беше Чарли Диксон (Порт Аделаид) со неверојатен учинок од (6.2) односно 26 поени.
Вест Коуст е шампионот од 2018, но оваа сезона има забележано само една победа. Со освоени четири поени, „Орлите“ се наоѓаат на шеснаесеттото место на табелата. Од друга страна, Порт Аделаид е единствениот тим кој по првите четири кола нема ниту еден пораз и има предност од шест поени во однос на второпласираниот Колингвуд.



