Првиот денешен натпревар од првото коло од новата НРЛ сезона го одиграа екипите на Менли Си Иглс и Мелбурн Сторм. После првото полувреме, Менли водеше со 4-2, а сите поени паднаа од пенали. За домаќините погоди Герик двапати, додека за гостите еднаш погоди Смит. Во вториот дел, Менли беше зафатен од тотална „бура“ откако беше надигран со 0-16. Мелбурн постигна три есеи преку Вунивалу (х2) и Ајзенут како и две успешни конверзии на Смит. За Том Ајзенут ова беше прв есеј во неговата НРЛ кариера. Конелниот резултат изнесуваше 4-18 во корист на Мелбурн – шампионот од 2017.
Најдобрите моменти од овој натпревар можете да ги погледнете на следниот линк: https://www.nrl.com/tv/news/match-highlights-sea-eagles-v-storm-1041685/



