Во Волонгонг, крајбрежен град во Нов Јужен Велс, беше одигран последниот натпревар од првото коло на новата НРЛ сезона во кој се соочија Ст. Џорџ Илавара Драгонс и Вестс Тигерс. Првото полувреме помина во корист на Драгонс кои беа подобри со 12-8. Вкупно беа постигнати три целосни есеи и еден пенал, а најефикасен играч беше Ломакс (Ст. Џорџ) со осум поени. Токму Ломакс го отвори резултатот и во вториот дел постигнувајќи го својот десетти поен преку пенал, но тоа беше сè што направи неговиот тим на овој меч. Во последните триесет минути од натпреварот, Вестс потполно ја преземаа иницијативата и направија серија од 0-16. По еден есеј постигнаа Бенџи Маршал, Леилуа и Нофоалума, а останатите четити поени беа освоени со успешните конверзии на Маршал. Крајниот резултат изнесуваше 14-24 во корист на Вестс Тигерс.



