Пред само два дена, Дејв Типет доби отказ од тренерската позиција на Едмонтон Оилерс и беше заменет со Џеј Вудкрофт.
Вудкрофт синоќа дебитираше на клупата на тимот од Канада и избори победа од 3-1 над Њујорк Ајлендерс.
После половина час игра, Оилерс водеа со 2-0 со головите на Коди Сеси во првата и на Зек Хајман во втората третина.
Во пресрет на втората пауза, Ентони Бовилие намали на 2-1, а конечниот резултат го постави Јесе Пулјујарви на десет минути пред крајот.
Во Западната конференција, Едмонтон го држи десеттото место, додека Ајлендерс се единаесетти на Истокот.