
Индијана Пејсерс го запишаа петтиот последователен пораз, откако беа совладани од Кливленд Кавалирс со 113-120.
Пејсерс фуриозно го отворија мечот со 47 поени во првата четвртина, односно само четири помалку од актуелниот рекорд на Голден Стејт Вориорс.
Сепак, во четвртиот квартал, Кавалирс беа подобри со 32-17 и стекнаа клучно водство за победа.
Од победничките редови, Керис ЛеВерт постигна 22 поени, а дабл-дабл запиша Џерет Ален (22 поени и 14 скокови).
Кај Индијана, две двоцифрени статистики имаше Ошеј Брисет (18 кошеви и 11 скокови), а 23 поени додаде Тајрис Хелибартон.
Во Источната конференција, Кливленд (35-21) скокна на второто место, додека Индијана (19-38) ја држи тринаесеттата позиција.




