
Кунлун Ред Старс го запишаа четиринаесеттиот пораз на последните петнаесет средби, откако денес загубија од СКА Ст. Петербург со 1-5.
Во гостинскиот состав имаше промена, односно Роман Ротенберг беше назначен за главен тренер, преземајќи му ја позицијата на Валериј Брагин, кој стана нов сениорски стратег.
Реформата вроди со плод уште од самиот старт, кога Лео Комаров, Емил Галимов и Мет Робинсон стрелаа за водство од 0-3 во првата третина.
Во вториот период, номиналните домаќини го намалија својот дефицит преку Алекс Рич, кој беше единствен хокеар што успеа да го совлада голманот Александер Самонов (96,15% на одбранети шутеви).
Третиот период беше идентичен на првиот, со тоа што СКА ја зголеми својата предност и ја заби ,,петардата” во голот на Џереми Смит.
Имено, по вторпат на мечот, во листата на стрелците се запиша Комаров, а уште еден погодок додаде Антон Бурдасов.
После четириесет и пет мечеви, СКА е лидер на Западот, додека Кунлун го има најслабиот учинок во тековната КХЛ сезона.



