Екипата на Плоешти славеше со 94-88 во дуелот со Таргу Жиу тимот кој го предводи поранешниот македонски селектор Јорданчо Давитков.
Андреј Магдевски беше најдобар играч во Плоешти со индекс 25. Најдобриот македонски кошаркар за 2021, Магдески мечот го заврши со 10 поени, 13 асистенции и 7 скока и малку недостасуваше да дојде до вториот трипл-дабл во сезоната.