
Вчерашниот спуст од програмата на Светскиот куп во алпско скијање во Кран-Монтана (Швајцарија), поради магла беше преместен за денес.
Имено, на првата трка после Светското првенство, до петтата овосезонска победа дојде Софија Гоџа, која ја помина патеката за 1:26,81 минути.
На втората позиција се искачи новата светска шампионка во алпска комбинација, Федерика Брињоне (+0,15), а како третопласирана заврши Лора Гош (+0,41).
За 27-годишната Французинка, ова беше прв подиум во кариерата и воедно само шести финиш во топ 10 во Светскиот куп.
За само две стотинки, без пиедестал остана Рагнилд Мовинкел (+0,43), а во првите десетмина завршија уште: Јоана Хелен (+0,62), Пришка Нуфер (+0,65), Лаура Пировано (+0,70), Мишел Гизин (+0,72), Илка Штухец (+0,73) и Мирјам Пухнер (+0,78).