
Во дербито на дивизијата АФК Запад, Канзас Сити Чифс ги поразија Лас Вегас Рејдерс со 30-29.
За Рејдерс, во првите пет кола, ова беше дури четврт пораз со разлика помала од еден посед, кој ги спушти на претпоследното место во Американската лига.
Од друга страна, Чифс имаат учинок од 4-1, доволен за поделба на првата позиција со Бафало Билс.
Рејдерс го започнаа натпреварот со серија од 17-0 после дваесет минути игра, но во продолжение, на сцена стапи убиственото дуо на Чифс.
Имено, квотербекот Патрик Махоумс освои 292 јарди од 29/43 прецизни додавања и уфрли за четири тачдауни – сите кон Тревис Келси (7 фаќања за 25 јарди).
Од другата страна, носители на гостинската игра беа квотербекот Дерек Кар (19/30 пасови за 241 јард и два тачдауни), тркачот Џош Џејкобс (154 јарди и еден тачдаун) и фаќачот Деванте Адамс (124 јарди и два тачдауни).




