Бафало Сабрес и Њу Џерси Девилс за два дена одиграа два ефикасни натпревари, на кои и двете екипи победија по еднаш.
Имено, синоќа Њу Џерси се одмазди за поразот после пенали од претходниот ден, триумфирајќи со 3-5.
Девилс поведоа уште во првата минута преку Мајкл МекЛиод, а до крајот на првата третина, Андреас Јонсон зголеми на 0-2.
Во вториот период, Сабрес израмнија во интервал од 70 секунди преку Куртис Лазар и преку Расмус Далин. Сепак, во последната секунда, Мајлс Вуд им донесе ново водство на гостите од 2-3.
Во третиот дел, Расмус Ристолаинен на најдобар начин ја искористи предноста од играч повеќе на својот тим, израмнувајќи на 3-3.
До крајот, МекЛиод и Вуд уште по еднаш се запишаа во листата на стрелците за освојување на првата победа на Девилс во Бафало после точно три години.
Со првиот триумф по трите врзани порази, Њу Џерси се израмни со денешниот ривал на петтото место во Источната дивизија.
📸 Bill Wippert/NHLI via Getty Images



