Тампа Беј Рејс поведоа со 2-0 во меѓусебната полуфинална серија со Хјустон Астрос.
Синоќа, претставниците на Флорида ги поразија актуелните вицешампиони со 4-2.
Пресуден ининг за победата на Тампа Беј беше првиот, во којшто стекнаа капитална предност поведувајќи со 3-0 после хоум-ранот вреден три поени на Мануел Маргот. Исто така, во седмиот ининг, во листата на стрелците се запиша и Мајк Зунино.
Од играчите на Астрос, единствениот хоум-ран го постигна Карлос Кореа во шестиот ининг.



