Романскиот тим Дунареа Браила обезбеди место во третото коло од Лигата на Европа после тешките два меча против норвешкиот Тертнес, кои Браила ги играше на домашен терен. На првиот меч тимот од Романија славеше со 28-26 додека во вториот натпревар се случуваше драма. Тертнес поведе со 26-24 на десетина секунди до крајот и мислеше дека веќе се пласира во наредната фаза, но Дунареа во последната секунда постигна погодок и намали на 26-25 за пласман во третото коло.
Македонската репрезентативка Јована Саздовска на двата меча даде по 3 погоци за Романскиот тим.




