
Најголемата скокалница од Светскиот куп во ски скокови е германската ,,Миленкопфшанце”, лоцирана во Вилинген.
На денешното прво натпреварување во женска конкуренција беше поставен и нов женски рекорд за најдолг скок, со исклучок на летовите.
Имено, Катарина Алтхаус прескокна 149,5 метри во втората серија и триумфираше на домашен терен со напредок од две позиции.
Второто место го зазеде Словенката Ника Крижнар, а после речиси една година, на победничкиот пиедестал застана и Јапонката Сара Таканаши.
Во првите петмина имаше уште две Јапонки, Јуки Ито и Нозоми Марујама, а во топ 10 се најдоа: Кјара Кројцер, Зелина Фрајтаг, Теа Минјан Бјорнсет, Абигејл Стрејт и Ева Пинкелних.