
Првото издание на турнејата ,,Германскиот трофеј”, од Светскиот куп во нордиска комбинација, продолжи со денешното натпреварување во Оберстдорф.
Имено, на третата етапа од ,,Трофејот”, до триумф дојде Јоханес Лампартер (23:25,0), кој славеше и на претходните две трки.
На овој начин, Австриецот најдобро го искористи отсуството на актуелниот шампион, Јарл Магнус Риибер и ја зголеми предноста во генералниот пласман.
Од првите единаесетмина, единствена промена во однос на првата серија имаа Јенс Лураас Офтебро (+19,4) и Франц-Јозеф Рерл (+22,3), кои ги заменија своите места на подиумот.
Во продолжение, под една минута заостануваа уште: Јулијан Шмид (+27,6), Кристјан Илвес (+38,1), Лорен Муленталер (+43,7), Марио Зајдл (+47,6) и Илка Херола (+59,2).