Норвешка се врати на европскиот трон со победа од 22:20 во финалето на Европско првенство против Франција. Норвежанките беа многу подобри во првото полувреме и тука ја направија разликата што ја одржуваа до крајот на финалето во Хернинг.
Морк, Кристијансен и Скогранд со по 4 погодоци ги предводеа норвежанките до рекордната осма шампионска круна на Стариот континент, а Франција не можеше комплетно да се врати по негативата од 10:14 по првиот дел и не успеа да забележи хет-трик на европските првенства.